Насловна / Архитектура / Се продава прекрасна куќа во Тоскана во која живеел Микеланџело

Се продава прекрасна куќа во Тоскана во која живеел Микеланџело

Резиденција во Тоскана, каде што некогаш живеел славниот Микеланџело, се продава за 7,5 милиони евра. Иако зданието е обновено неколку пати во минатото, самиот факт дека во неа живеел големиот Michelangelo di Lodovico Buonarroti Simoni, ренесансен сликар, скулптор, архитект и поет, еден од најважните и најсестраните уметници на сите времиња, е вредно за восхит.микеланџело (1)
Иако во оваа камена вила со десет спални нема негови уметнички дела, како што се на пример фрески, неговото влијание се уште е видливо во некои детали. Собите се карактеризираат со сводови и греди. Исто така, има и теракотни плочки со кои се поплочени подовите на ентериерот, а во кујната може да се види изворно сочуваното камено огнниште, како и мијалник. Имотот е изолиран и опкружен со прекрасно зеленило, а тука се неминовните богати градини.микеланџело (5) микеланџело (4) микеланџело (3) микеланџело (2)

Испрати коментар

Scroll To Top