Насловна / Вести / Се пошумуваат старите одлагалишта со пепел во РЕК Битола

Се пошумуваат старите одлагалишта со пепел во РЕК Битола

На старите одлагалишта со пепел во РЕК Битола се садат 50 илјади багремови садници, а се со цел да се заштити животната средина од загадување.

Минатата година на ридовите беа засадени 50 илјади садници.

suma

Акцијата за садење ја изведуваа АД ЕСМ, заедно со подружницата на РЕК Битола и здружението на поранешни акцијаши „Пелистер“ од Битола.

“Во изминатите седум години, односно од 2013 година до лани, биле засадени само 20.000 садници и тоа во 2014 година. Заштитата на животната средина е наша обврска. Немаме никаква дилема дека како одговорна компанија мора да направиме сè за РЕК Битола од црна, да стане зелена точка на еколошката карта на земјава”, вели генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски.

suma1

Генералниот директор на РЕК Битола Златко Ќурчиевски, рече дека со пошумувањето во околината на одлагалиштето на пепел дополнително ќе се намали запрашувањето на околните населени места. Најави дека ќе се пошумува и околу селата Агларци и Логоварди, за конечно да почнат да се исцртуваат контурите на долгоспоменуваниот зелен појас околу РЕК Битола.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top