Насловна / Архитектура / Се отвори македонскиот павилјон на 18. Интернационална архитектонска изложба – La Biennale di Venezia

Се отвори македонскиот павилјон на 18. Интернационална архитектонска изложба – La Biennale di Venezia

Пред бројна публика на 18 мај 2023 се случи официјалното отворање на македонскиот павилјон на 18. Интернационална архитектонска изложба – La Biennale di Venezia, „Лабораторија од минатото за иднината: Приказни за Летната школа за архитектура во манастирот Свети Јоаким Осоговски, 1992 – 2017“

image00004

„Ни претставува особено задоволство можноста да ја претставиме нашата земја на Архитектонското биенале во Венеција. Како практични архитекти и едукатори истражуваме: може ли архитектурата да биде платформа за нови идеи и дискурси. Изложбата има мултидисциплинарен пристап кон материјалот, го истражува кадрирањето преку изградени структури, модели, текстови, фотографии и мебел.

image00017

Чест, а секако и сериозна одговорност претставува креирање на концепт кој ќе биде претставен на најголемата светска манифестација во доменот на архитектурата. Овогодинешното Биенале преплетува и раскажува национални приказни од земји од целиот Свет, ја пренесува пораката на глобално единство, чувство на присуство, афирмација на еднаквост, рамо до рамо на светските метрополи“ истакна комесарот на македонскиот павилјон, д-р Дита Старова Ќерими.

image00005

ОПИС НА ПРОЕКТОТ

Изложбата се состои од реконструкција на тремот на манастирот Св. Јоаким Осоговски, како место каде со текот на времето се одржувала летната школа. Со транспонирање на реалниот простор во нов просторен конструкт – архитектон, се доби рамка за експонатите и експонат на изложбата. Мноштвото личности, дела, настани се изложени како предмети/модели, слики и записи на работната маса од верандата. Различни предмети од манастирот се претставени како макети на двете спротивни полици. На висечките рамки е прикажано училишното досие, клучните епизоди преку цртежи и текстови. Заедно, тие се еден вид индекс на постапките на поединците во создавањето на колективното добро. Во таа смисла, изложбата претставува еден вид архива во изработка. Обединети – архитектонот, артефактите и посетителите претставуваат своевидна реконструкција / на отвореното училиште и тремот на гостинската куќа во манастирот Св. Јоаким Осоговски, Крива Паланка, сега во Венеција, накратко образложија од Здружението за истражување на градот – ГРАДОТ УБАВ Скопје.

image00031

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top