Насловна / Вести / Салон во Њујорк целосно посветен на првото искуство со тетовирање

Салон во Њујорк целосно посветен на првото искуство со тетовирање

Како едно„tattoo“ студио станало простор каде што корисникот ја избира музиката, светлината и атмосферата на својот прв ритуал на тетовирање, кој сигурно нема да биде заборавен.

И покрај фактот дека салоните за тетовирање најчесто се потпираат на препознатлива естетика на субкултурата, едно студио во Њујорк одлучило да избере сосема поинаков пат.

Tiny Zaps, салон специјализиран за микро-тетоважи, креирал простор кој го третира тетовирањето како ритуал, особено за оние кои го доживуваат за прв пат.

Студиото „Flagship“ во Вилијамсбург, Бруклин, Њујорк проектирано е во соработка со бирото HUXHUX Design Inc., со јасна идеја дека ентериерот треба да биде активен учесник во процесот на правење на првата тетоважа.

Салон за тетоважи што овозможува контрола

Веќе на влезот е јасно дека ова не е класично„tattoo“  студио, бидејќи им нуди на посетителите низа интерактивни точки што го дефинираат целото искуство.

Киосците распоредени низ целиот простор овозможуваат избор на дизајни на тетоважи, музика, слушање приказни за историјата на тетоважите и негата по тетоваирање, како и прилагодување на амбиенталното осветлување.

Сè делува интуитивно и помалку забавно, како да сте влегле во простор што ве охрабрува да се опуштите и да останете подолго отколку што сте планирале.

Токму тука е клучот на овој оригинален дизајн, кој има за цел да го смири корисникот во момент што за многумина има голема емоционална тежина.

Материјали инспирирани од чинот на тетовирање

Палетата на материјали директно е врзан со процесот на тетовирање. Монохроматските зелени тонови доминираат во просторот и создаваат атмосфера што делува свежо и смирувачки.

Посебен детаљ се дрвените панели во кои буквално се врежани илустрации на тетоважи од каталогот на студиото, што ги прави ѕидовите носители на идентитетот на брендот.

Нерѓосувачки челик се користи таму каде што хигиената и чистотата се клучни, додека ребрестите стаклени ѕидови дискретно ги одделуваат зоните и овозможуваат визуелно поврзување на целиот простор.

Полесно е во друштво

Во задниот дел на студиото се наоѓа полуприватна просторија за групни сесии. Овој дел, наречен Party Zaps Room, е дпроектиран за доаѓање со пријатели, заедничко оддржување и споделување на искуството.

Светлото овде се контролира преку посебен киоск, а ѕид со винтиџ телевизор во живо емитува случувања од студиото.

Што по тетовирањето? Едукација!

Последниот дел од искуството се одвива во„aftercare“ зоната. Огледалото станува точка на кратко задржување и саморефлексија, додека корисниците се запознаваат со грижата за нивната нова тетоважа.

На самиот крај се наоѓа мини фото-студио, креирано за документирање на резултатите и спонтано споделување на социјалните мрежи.

Овој сегмент дополнително ја заокружува идејата дека целиот процес е однапред осмислен – од првата одлука до моментот кога искуството се споделува со другите.

Ентериер во служба на искуството

Студиото Tiny Zaps во Њујорк отвара интересно прашање – како дизајнот на ентериер може да ги трансформира искуствата што досега беа водени исклучиво од вештината и репутацијата на поединецот. Тука, просторот е тој што го води корисникот, ја намалува тензијата и пружа чувство на контрола.

Ова е еден од оние проекти што јасно покажува колку флуидни стануваат границите помеѓу угостителството и специјализираните услуги и колку дизајнот има моќ да ги редефинира дури и најинтимните ритуали.

Испрати коментар

Scroll To Top