Насловна / Вести / Словенија ја отвори првата соларна електрана покрај автопат

Словенија ја отвори првата соларна електрана покрај автопат

DARS, компанијата која е задолжена за автопатиштата во Словенија, ја инсталирала првата соларна електрана на звучна бариера покрај автопат во оваа земја. Локацијата е на околу десет километри од Љубљана, односно на автопатот Љубљана – Загреб. Проектот претставува една од мерките за спроведување на стратешките цели на компанијата во областа на одржливиот развој, декарбонизацијата и ефикасното користење на енергија. Произведената електрична енергија ќе се користи за сопствена потрошувачка, односно за јавно осветлување и за системот тунели.

Во согласност со узвоената стратегија, DARS се стреми кон постепено намалување на потрошувачката на енергија од мрежа и намалување на емисиите. До 2030 година, целта е намалување на потрошувачката на енергија и редукција на емисиите на јаглерод диоксид за 30% во однос на 2024 година. Во наредните години, DARS планира изградба на нови фотонапонски електрани во деградирани подрачја и долж автопатските тунели.

 

Испрати коментар

Scroll To Top