Насловна / Вести / Русија подготвува план за „искористување на предностите“ од климатските промени

Русија подготвува план за „искористување на предностите“ од климатските промени

На официјалната страница на Кремљ, објавен е документ во кој се наведуваат мерките и активностите кои ќе бидат превземени поради глобалното затоплување, со цел да се остварат „позитивни“ економски ефекти, и покрај промените кои ги предизвикува климата.  Имено, руската влада објавила план за прилагодување на економијата и населението кон климатските промени, и тоа не само со цел да ја ублажи штетета, туку и да ги искористи предностите од порастот на просечните температури. Планот предвидува промени во земјоделството, односно премин кон посевите кои се поотпорни на суша и на повискои температури, како и превентивна изградба на  брани и сл. Документот исто така го истакнува и ризикот по јавното здравје, и предвидува активности во однос на превенирање на инфекции. Меѓу можните „позитивни“ ефекти се истакнува намалувањето на потрошувачката на енергија во постудените региони на земјата, проширување на земјоделските површини, и можноста за пловидба по Арктикот. Документот предвидува и подготовка на нови образовни програми во кои ќе се воведе изучувањето на климатските промени во училиштата.

Русија е една од најзагрозените земји кога станува збор за климатските промени, бидејќи токму на нејзина територија се наоѓаат огромни арктички пространства кои забрзано се топат. Неодамнешнните поплави и пожари кои го зафатија Сибир, се вбројуваат меѓу најголемите климатски катастрофи во светот во минатата година.

Русија е потписник на климатскиот договор од Париз, и го критикуваше излегувањето на САД од овој важен глобален пакт за климата.

russiacc1

russiacc2

Russiacc3

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top