Насловна / Вести / Русија има повеќе приходи од нафта од кога било

Русија има повеќе приходи од нафта од кога било

Растечката побарувачка за нафта од некои од најголемите светски економии и помогна на Русија да извезе речиси исто толку сурова нафта како што извезуваше пред конфликтот во Украина и санкциите од западните земји, објави во понеделникот Тhe Wall Street Journal (WSJ).

Растот на глобалните цени на суровата нафта, кои во моментов се околу 100 долари за барел, ги зголемија приходите на Русија од нафтата.

„Русија плива во пари“, изјави за WSJ, Елина Рибакова, заменик главен економист на Институтот за меѓународни финансии, додавајќи дека земјата заработила 97 милијарди долари од продажба на нафта и гас до јули оваа година, од кои речиси 74 милијарди долари доаѓаат преку продажба на сурова нафта.

rr

Според податоците на Меѓународната агенција за енергетика, Русија само во јули дневно на глобалниот пазар испумпувала 7,4 милиони барели сурова нафта и производи како дизел и бензин. Бројката е намалена за само околу 600.000 барели дневно од почетокот на годината.

Рускиот извоз на енергија е во подем, бидејќи земјата успеа да најде „нови купувачи, нови средства за плаќање, нови трговци и нови начини за финансирање на извозот“, пишува WST, цитирајќи трговци со нафта, поранешни директори на руската индустрија и бродски службеници.

„Се дојде до сознание дека на светот му е потребна нафта, а никој не е доволно храбар да стави  ембарго на 7,5 милиони барели дневно руска нафта и нафтени деривати“, рече Сергеј Вакуленко, аналитичар и поранешен раководител во рускиот енергетски сектор.

r

Штом западните купувачи и нивните пацифички сојузници одлучија да го намалат увозот на руска нафта, најголемиот дел од количините беа пренасочени кон Азија и Блискиот Исток, каде земјите одлучија да не заземаат страна во руско-украинскиот конфликт.

Индиските компании од речиси нула увоз на руска нафта преминаа на речиси милион барели дневно. Државната „Indian Oil“ потпиша договор со „Роснефть“ за заклучување на испораките до 2028 година.

„Руската нафта ќе го најде својот нов пат кон Индија, Кина и другите пазари“, рече Евгениј Грибов, поранешен извршен директор на „Лукоил“ ПЈСЦ, цитираат медиумите.

Испрати коментар

Scroll To Top