Контролираното рушење на осумте разладни кули на термоелектраната Cottam во Нотингем во Велика Британија, го постави Гинисовиот рекорд за најголем број кули кои се срушени одеднаш. На локацијата на некогашната електрана се планира изградба на 1.500 куќи.

Оваа термоелектрана која била пуштена во работа во 1968 година првобитно било планирано да работи 30 години, но работниот век и е продолжен на повеќе од 50 години. Компанијата EDF, која е сопственик на електраната, ја изгасна во 2019 година поради како што соопштила „предизвикот на пазарните услови“. Во пикот на својата работа електраната произведувала доволно електрична еенргија за околу 3,7 милиони домаќинства и вработувала 750 луѓе. Работите на рушењето започнале во 2021 година, а финалната фаза е завршена неодамна со рушењето на сите осум разладни кули. По активирањето на вкупно половина тон експлозив, секоја од кулите со височина од 114 метри, паднала за само неколку секунди.

Велика Британија е првата земја која започнала со производство на електрична енергија од јаглен во далечната 1882 година, кога започнала со работа електраната Holborn Viaduct. Денес, 143 години подоцна, оваа земја е првата од групата G7, која целосно го напуштила јагленот.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија