Насловна / Вести / Роверот на НАСА ја испрати на Земјата првата панорамска фотографија од Марс

Роверот на НАСА ја испрати на Земјата првата панорамска фотографија од Марс

Роверот на НАСА Perseverancе, ја испрати на Земјата првата панорамска фотографија со висока резолуција од површината на Марс, снимена на 21-ви февруари, со користење на камерата Mastcam-Z. Фотографијата која покрива полн круг, е составена од 142 слики и прикажува пуста област со геолошки формции, вклучувајќи и карпа со засеци, но го прикажува и работ на кратерот Jezero (ова име кое значи „езеро“ на повеќе словенски јазици, НАСА го избрала од подолга листа со 80 имиња), каде што роверот се спушти минатата седмица. Наса соопшти дека модерната камера ќе им овозможи на научниците да ги испитаат атмосферските услови во кратерот и да ги идентификуваат од далечина видовите карпи и седименти.

Jim Bell, истражувач од Универзитетот Аризона, кој ја предводи операцијата со камерата Mastcam-Z, рекол дека сликата потврдува дека роверот се спуштил на идеално место. Perseverance патуваше низ вселената близу седум месеци после лансирањето од Флорида. Научниците се надеваат дека во кратерот Jezero ќе пронајдат докази дека во минатото на Марс постоеле микроорганизми. Марс имал вода на својата површина пред повеќе милијарди години, а на тоа се базира и претпоставката дека на оваа планета можеби постоел и некаков облик на живот. Роверот на НАСА, ќе ја истражува површината на Марс, неговата геологија и клима, најмалку две години.

IDL TIFF file

jezero2

jezero3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top