Насловна / Вести / Загрижувачки резултати од истражувањето за влијанието на фталатите врз развојот на детскиот мозок

Загрижувачки резултати од истражувањето за влијанието на фталатите врз развојот на детскиот мозок

Проектот TENDR (Targeting Environmental Neuro-Development Risks) го спроведува група научници на доброволна основа, здравствени работници и активисти за детски права кои работат на проучување и намалување на изложеноста на децата на невротоксични хемикалии и загадувачи. Нивното прво истражување покажало дека синтетичките хемикалии фталати, кои се наоѓаат во пластичните производи, му штетат на развојот на детскиот мозок и дека поради тоа мора веднаш да бидат забранети за употреба при изработката на производите за широка потрошувачка. Овие опасни хемикалии се наоѓаат во мноштво производи кои секојдневно ги користиме и за домот и за лична хигиена, а се користи и во пластиката за пакување на храна, некои лакови за коса и нокти. Фталатите се додаваат во производите со цел пластиката да биде пофлексибилна и поиздржлива. Меѓу останатото, истражувањата покажале јасна поврзаност на фталатите со дебелината на децата во најраната возраст, но и со разни здравствени проблеми како астма, кардиоваскуларни заболувања, рак и репродуктивни проблеми. Но, тоа не е крај на лошите вести – пронајдена е и поврзаност помеѓу изложеноста на фталати и лошо памтење кај децата. Децата кои биле изложени на повисоки нивоа на фталати уште во матката ан мајката, имале за седум поени пониско ниво на интелигенција од децата со помала изложеност. Уочено е намалено перцептивно резонирање и вербално разбирање.

phthalates_1

phthalates2

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top