Насловна / Арт и дизајн / Ротердам: „Ноевата арка“ во која истовремено се изложени сите 151.000 експонати

Ротердам: „Ноевата арка“ во која истовремено се изложени сите 151.000 експонати

Музејот Boijmans Van Beuningen во Ротердам, е првиот музеј кој во целост се отвора за јавноста со истовремено изложување на сите свои експонати.

muzej1

muzej2

По правило, музеите во одредени периоди изложуваат дел од својата севкупна збирка. Но, овој холандски музеј стана пример за новата уметничка визија. Се опишува и како „музеј на иднината“. Проектиран во облик на Ноевата арка, замислен е како складиште во кое одеднаш може да се прикажат сите 151.000 дела. Многу од нив кои сега се изложени, претходно биле складиштени во подрумот на Музејот. „Секоја зграда, ако е добра, сведочи за духот нa времето. Оваа дефинитивно ја слави климата. Зошто? Затоа што климата е причината за постоењето на оваа зграда. Претходната архива беше под вода, поплавена, па моравме да ја подигаме“, открива архитектот  Winy Maas, автор на уметничкото складиште на музејот  Boijmans Van. Целата надворешна обвивка на објектот е прекриена со огледала. Уметничките дела ќе бидат изложени на пет ката со различни температури. Посетителите ќе можат да бидат и некои помалку познати дела на мајстори како Дали или Ван Гог.

muzej3

muzej4

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top