Насловна / Архитектура / Infinitus Plaza на Zaha Hadid Architects новото глобално седиште на Infinitus China

Infinitus Plaza на Zaha Hadid Architects новото глобално седиште на Infinitus China

Се отвори новото глобално седиште на Infinitus China, Infinitus Plaza дело на Zaha Hadid Architects. Вклучувајќи работни средини проектирани да ја негуваат поврзаноста, креативноста и претприемништвото, новото седиште ги вклучува и истражувачките капацитети за билна медицина и лабораториит за проценка на безбедноста, како и центар за учење, за конференции и изложби.

2_resize

Infinitus Plaza со површина од 185.643 квадратни метри претставува порта кон новиот Baiyun Central Business District. Објектот изграден на местото на некогашен аеродром, новиот округ го поврзува центарот на градот Guangzhou со паркот Feixiang Gongyuan Park и новите заедници во рамките на реконструкцијата на поранешниот аеродром. Сместен во непосредна близина на метро станицата Feixiang Park, објектот се провлекува низ подземниот тунел на метрото, делејќи го седиштето на две згради кои меѓусебно се поврзуваат на повеќе нивоа.

Infinitus Plaza е проектиран на осум ката како серија од бесконечни прстени кои ја подобруваат интеракцијата и комуникацијата помеѓу сите оддели.

04_resize

Распореден околу централнен атриум и дворови, одразувајќи го симболот за бесконечност „∞“, дизајнот создава разновидни заеднички внатрешни и надворешни простори кои градат силно чувство за заедница (Si Li Ji Ren) што ја дефинира корпоративната култура на Infinitus.

07_resize

05_resize

Меѓусебно поврзаните мостови содржат низа флексибилни заеднички простори за вработените, вклучително фитнес и сали за вежбање, зони за рекреација и релаксација, како и ресторани и кафулиња. Мостовите, исто така, ги поврзуваат канцелариите на плоштадот со поодалечените делови за трговија и храна.

Сместен во влажната суптропска клима на монсуните во Guangzhou, Infinitus Plaza е проектиран и изведен според LEED Gold сертификат и еквиваленти на програма за зелена градба на Кина со три ѕвезди.

09_resize

Оптимизацијата на структурата ја намалила потребната количина на бетон и го зголемила уделот на содржина што може да се рециклираат. Во изградбата на Infinitus Plaza се употребени 25.088,33 тони рециклирани материјали, пред се: челик, бакар, стакло, профили од алуминиумски легури, производи од гипс и дрво.

Годишната анализа на сончевото зрачење ја одредила ширината на надворешните тераси за самозасенчување на зградата. Оваа анализа исто така ги дефинирала и надворешните перфорирани алуминиумски панели за засенчување за да се оптимизираат намалувањата на сончевоата топлина. Овие мерки, заедно со двојно изолираното застаклување, обезбедуваат ефективно засенчување и топлинска изолација што обезбедува добра природна светлина, а истовремено го намалува влијанието на сончевата топлина и потрошувачката на енергија.

013_resize

Мрежа на прскалки, управуван од системот за паметно управување на зградата и напојуван од фотоволтаици, распрскува атомизирани честички од собраната дождовница од кровот од ETFE мембрана над секој атриум за да се распрсне топлината со ладење од испарувањето. Се активира кога надворешната површина на мембраната се загрева до 35°C, прскање 3-4 минути на секои половина час ќе ја олади нејзината температурата на површината за 14°C, ефикасно намалувајќи ги внатрешните температури за 5°C. Соларното загревање на вода на кровот дополнително ги намалува потребите за енергија.

010_resize

Системот за собирање, филтрирање и повторна употреба на дождовница, исто така, обезбедува микро-наводнување на околниот пејзаж. Градините на кровот на 3, 7 и 8 кат одгледуваат билки и растенија кои потекнуваат од регионот и природно се наводнуваат. Овие надворешни заеднички површини поврзани се со патеката за трчање на кровот и патеките за пешачење. Зелените покриви сочинуваат 49,36 отсто од вкупната површина на покривот на објектот.

08_resize

Опремен за следење на температурата, јаглерод диоксид, ПM2.5 честички и други загадувачи, паметниот систем за управување со зградата со поврзување на свеж воздух обезбедува квалитет на воздухот во затворените простории, автоматско прилагодување за оптимален комфор со минимална потрошувачка на енергија, а исто така точно предвидува дневно загадување зааради зголемување на ефикасноста.

02_resize

Истакнувајќи го новиот деловен центр Baiyun Central Business District во Guangzhou како национален центар за кинеската здравствена и велнес индустрија, новото седиште на Infinitus China комбинира иновативни технологии за проектирање и градба со докажани стратегии за одржливост, за да создаде нови работни средини што ги обединуваат сите оддели и ја подобруваат комуникацијата во целата групата.

4_resize

011_resize 016_resize 014_resize 015_resize

Испрати коментар

Scroll To Top