Насловна / Вести / Роботот уметник создаде дигитално дело кое се продаде за 688.888 долари (видео)

Роботот уметник создаде дигитално дело кое се продаде за 688.888 долари (видео)

Софија, мултиталентиран робот кој може да зборува, да се шегува, да пее, па дури и да создава уметност, предизвика бура во светот на уметноста кога дигиталното дело кое го создаде беше продадено на аукција за 688.888 американски долари во форма на таканаречен незаменлив токен (NFT).

1

Продажбата укажа на се поголем недостаток на контрола на NFT пазарот, каде што луѓето можат да купуват сопственички права на дигитална содржина.

Секој NFT има единствен дигитален код кој секому овозможува да ја потврди автентичноста и сопственоста над работите.

3

Софија е најпозната робот креација на компанијата „Hanson Robotics“, и може да имитира изрази на лицето, да води разговори и да препознава луѓе.

Во 2017 година доби државјанство на Саудиска Арабија и стана првиот граѓанин меѓу роботите.

Таа соработуваше со италијанскиот сликар Andrea Bonaceto, а подоцна започна сама да прави дигитални уметнички дела.

2

Дигиталното дело, кое беше продадено за 688.888 американски долари, всушност е видео клип од 12 секунди кој прикажува како портретот на Bonacetо еволуира во дигитална слика на Софија.

Софија ќе продолжи да слика, а следниот чекор во нејзината кариера би можела да го направи во светот на музиката. Таа работи на создавање на неколку музички дела во проектот наречен „Софија Поп“, каде соработува со музичари на пишување музика и текстови.

4

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top