Насловна / Вести / Римац започнува проект на иднината во Загреб: Прв град во светот со револуционерна услуга

Римац започнува проект на иднината во Загреб: Прв град во светот со револуционерна услуга

Основачот на компанијата Rimac Аutomobili тргнува во првиот чекор кон реализација на проект тежок 454,2 милиони евра. Се работи за развој и воспоставување на мрежа на електрични автономни такси возила во Загреб. Во 2024 година, Загреб ќе стане првиот град во светот во кој ќе биде достапна услугата robotaxi –  користење на самовозечки, електрични такси возила преку апликација. Како што дознава дневникот Jutarnji, основачот на компанијата Rimac Automobili започнува со изградба на комплекс за полнење и сместување на возилата на Сава – на ливада наспроти загребскиот студентски дом Stjepan Radić. Конкурсот е веќе распишан и решенијата на архитектите веќе стигнуваат, а целиот комплекс би требало да биде завршен до крајот на 2022 година. Услугата на robotaxi во Загреб би требало да биде лансирана до 2024 година.  Комплексот со службено име „Центар на мобилноста“, кој вклучува градски плоштад, парк и објект со е-полначи, е само прв чекор во реализацијата на овој проект најавен во март годинава. Идејата е „Центарот на мобилноста“ на Сава да служи за две цели. Од една страна тој ќе има општествена улога, како место на кое луѓето ќе доаѓаат да се запознаат со новите технологии и во пријатен амбиент да поразговараат со стручњаците. Втората цел е се разбира онаа практичната и функционална – полнење на возилата, но и нивно одржување на еколошки одржлив начин.

rimac1

rimac2

rimac3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top