Насловна / Вести / Европските Зелени бараат минимална цена од 50 евра на емисиите на јаглерод диоксид по тон

Европските Зелени бараат минимална цена од 50 евра на емисиите на јаглерод диоксид по тон

Цената за емитување на јаглерод диоксид во последната година во ЕУ забележа раст од неверојатни 140% и достигна рекордни 55 евра по тон. Оттука и не изненадуваат барањата на Зелените за определување на минимална цена од 50 евра. Рекордниот износ од 55 евра веќе сега им прави проблеми на многу компании кои во својот состав имаат електрани на јаглен. Така на пример словенечката електрана „Шоштањ“ оваа година се прогнозра дека ќе забележи загуба од 150 милиони евра. И електростопанствата во земјите од регионот кои не се во ЕУ, се свесни дека не е далеку моментот кога ќе мора да плаќаат некој вид такса на  CO2 – во својата земја или при извозот во ЕУ.

WhatWeStandFor_RecPlan_background

Пратеничката група на Зелените/EFA (eng. Greens/EFA), петта по големина во европскиот парламент, своите ставови за цените на CO2 ги соопштила во Извештајот чија цел е поттикнување на Европската комисија да биде похрабра, односно да постави цели кои ќе го забрзаат напуштањето на јагленот.  Извештајот е во суштина документ за позицијата на Зелените во врска со ревизијата на Системот на ЕУ за тргување со емисии  (EU ETS), кој според нив би морало да обезбеди транзиција од фосилни горива кон обновливи извори на енергија, и да помогне во трансформација на европската индустрија. Со цел EU ETS да биде вистински столб на климатската политика на ЕУ, Зелените имаат три приоритети за негова ревизија: обезбедување на вистинска цена на CO2, прекинување на нивното бесплатно доделување и определување на минимална цена; промена на опфатот на EU ETS и вклучување на поморскиот и авио сообраќајот; обезбедување на реални стимулации за инвестирање во климатска акција под исти услови на меѓународно ниво.

greens2

greens3

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top