Насловна / Архитектура / RIBA ја прогласи куќата на годината

RIBA ја прогласи куќата на годината

Прогласен е победникот на престижниот конкурс за куќа на годината на Кралскиот институт на британските архитекти (RIBA). David Kohn Architects го доби ова признание за проектот „Црвена куќа“ (Red house), која судиите ја пофалиле поради својот едноставен и практичен дизајн во кој се водело сметка за иднината. Во конкуренција во оваа категорија биле 20 проекти, а листата на номинираните е претходно објавена од страна на RIBA. „Црвената куќа“ се наоѓа во руралниот дел на Дорсет, во југозападна Англија.

redhouse1

redhouse3

Проектот настанал кога неговите сопственици се вљубиле во идиличната локација и прекрасниот поглед во 2011 година. После повеќекратни почетоци и репроектирања, и промена на архитектите, една деценија подоцна нивниот сон се реализирал. Куќата има големи настрешници, а смелата зелена боја прави контраст со црвената тула. Имајќи ги на ум климатските промени, дебелите изолирани ѕидови се вистински регулатор на микроклиматските услови во внатрешноста. Покривот од шкрилци претставува дом за локалната популација на лилјаци. Куќата има два ката и 284 квадратни метри. Отвореното приземје пружа лесна атмосфера и лесен пристап, па како таков е идеален за во иднина кога сопствениците ќе остара, а вграден е и лифт.

redhouse4

Претседателот на жирито на конкурсот RIBA House of the Year 2022, архитектот Taro Tsuruta, рекол дека оваа истовремено обична и необична куќа се спротивставува на она што го очекуваме од една куќа сместена во прекрасно опкружување. Имено, оваа естетска и одржлива зграда со извонредна функционалност, се потпира на архитектонските референци од Moris па до Stirling – со многу изненадувања.

redhouse5

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top