Насловна / Архитектура / Резиденцијален комплекс Jordaenskaai од студиото Crepain Binst Architecture

Резиденцијален комплекс Jordaenskaai од студиото Crepain Binst Architecture

Jordaenskaai (6)
Jordaenskaai
претставува современ резиденцијален блок, чие опкружување се одликува со историски наоѓалишта, остатоци од средновековните градски ѕидови, кои се протегаат долж стариот канал во Антверпен, Белгија. Интеграцијата на историските ископини во новиот ансамбл е педантно изведена, така што можат да бидат набљудувани и доживеани од внатрешните зони на комплексот, пристапни за жителите и посетителите. Централното двориште, кое се простира во внатрешноста, ги симболизира историските споменици, истовремено унифицирајќи три станбени волумени во единствен блок.
Jordaenskaai (1) Jordaenskaai (2) Jordaenskaai (3)
Новиот комплекс, кој располага со 35 апартмани, 10 дуплекси и 1.200 м² површина за канцелариски и трговски простории, се карактеризира по варијабилноста на позиционирање на вертикалните тераси и примената на самоодржливи, еко материјали.
Jordaenskaai (5) Jordaenskaai (4)

Испрати коментар

Scroll To Top