Насловна / Екологија / Избрани се победниците на конкурсот „Отпад за уметност“

Избрани се победниците на конкурсот „Отпад за уметност“

pakomak pobednici_1_resize

Добитници на главните награди на конкурсот „Отпад за уметност“, во организација на компанијата „Пакомак“, се делата „Мотор” од авторот Дарко Базерко, и „Голум“ на учениците од скопската гимназија „Никола Карев“. Првата креација е изработена од делови од пластични шишиња, лименки од кафе и картон, а втората од хартија, лименки, пластика и други материјали.pakomak pobednici_2_resize
Во посебната категорија за најубава штедна касичка, специјалната награда од страна на „ПроКредит Банка“ ја освои макетата „Еж” на Софи Прокиќ.
Конкурсот, што се одржува по трет пат, беше отворен за две категории поединци и училишта, а учествуваа околу 200 интересни и уникатни уметнички дела. Првонаградените добија по 50.000 денари.
На изложбата, како што информира „Пакомак“, можеле да се видат најразлични животни, макети, дела со интересни новогодишни мотиви како Дедо Мраз и елка, како и други креативни предмети изработени од амбалажен отпад.
Делата во следните две недели ќе бидат изложени во Веро Центар (Џамбо), а потоа и во останатите центри низ Скопје.

Испрати коментар

Scroll To Top