Насловна / Арт и дизајн / Ретроспективна изложба на фотографии на Александар Кондев во Чифте амам

Ретроспективна изложба на фотографии на Александар Кондев во Чифте амам

Pokana Kondev V

Утре, 4 ноември 2015 година, во 20.00 часот, во Националната галерија на Македонија – објект „Чифте амам“ – ќе биде отворена ретроспективната изложба на фотографии на Александар Кондев.izlozba_15

Александар Кондев (1950) е македонски фотоуметник чиешто фотографско творештво е нераскинливо сврзано со пробивите на современата фотографска мисла кај нас. Неговото безмалу педесетгодишно присуство во македонската фотографија едновремено е и важно сведоштво и за вкупниот развој на фотографијата кај нас, а неговото фотографско творештво се вбројува меѓу највисоките дострели на македонската фотографија од втората половина на минатиот век до денес.

izlozba_13

Кондев ја познава суштината на фотографијата и ја знае нејзината историја, претпоставените „нераскинливи“ врски со сликарството, репутацијата на фотографијата за најмиметичка и најреалистична уметност, а со тоа и најповршна (Sontag). Но тоа не го спречува да и’ го посвети безмалу целиот живот. А тоа го прави само некој кој верува во нејзините автохтони вредности. Како и многумина други фотографи со ваков стаж, неговиот интерес во фотографијата е тематски широк.

izlozba_25

Но и кај Кондев сепак постои некаква примарна вокација и „појдовна ориентација“, некаква стартна но и суштинска определеност: прво за “класичната фотографија” (без претерана наклонетост кон експериментирање и иновации), а понатаму и за неколку приоротетни тематски целини: лајф фотографијата (со поттеми деца, портрети, улица и слично), потоа теми од урбаното секојдневие, социјални и еколошки теми, пејзаж, структури (макро фотографија) итн. Дел од овој тематски интерес на Кондев ќе биде презентиран на неговата ретроспективна изложба.

priroda__04

Кондев смета дека „магијата на фотографијата се крие во процесот на создавањето. Таа не се гледа, но зрачи од секој нејзин дел“! Тој верува во таа „магија“ и тоа се гледа на неговите фотографии. Сиот тој „нов свет“ што ни го прикажува Кондев на неговите фотографии е – токму таа негова магија. Видена низ неговиот објектив, миговно „обработена“ во свеста и понудена на гледачот  како некоја негова сублимирана реалност, како некаков визуелен предизвик на неговата креативна фантазија.Struktura na mraz

Неговата фотографија не е штос, гег, ефект. Уште помалку е затворен, тешко достапен личен наратив. Кондев верува во добрата фотографија, што и да значи тоа. А тие што ја сакаат фотографијата знаат што тоа значи. Таа е промислена иако фатена во миг, таа е елаборирана иако настаната во делот од секундата. Кај Кондев најчесто добрата фотографија е лајф фотографијата – онаа што ја следи естетиката на еден Cartier Bresson – но и фотографијата којашто сака да поместува граници, што денес и не е така лесно.izlozba_56

Александар Кондев денес е безмалу единствениот претставник на онаа генерација македонски фотографи кои ја осовременија македонската фотографија, кои во седумдесеттите и осумдесеттите години на минатиот век, внесоа една поинаква естетика и нови хоризонти во третманот на оваа уметност.izlozba_49

Куратор на проектот е Златко Теодосиевски. Изложбата ќе биде поставена до 22 ноември 2015 година.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top