Насловна / Градежништво / 16 Меѓународен симпозиум на ДГКМ: Современи конструкции – одржлив развој

16 Меѓународен симпозиум на ДГКМ: Современи конструкции – одржлив развој

dgkm 2015 (12)

На почетокот на минатиот месец во Охрид се одржа 16. Меѓународен симпозиум на Друштвото на градежни конструктори на Македонија. На овој меѓународен собир учествуваа 300 градежници и архитекти од 12 земји: Македонија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Хрватска, Словенија, Германија, Португалија, Италија, Грција, Казахстан и Соединетите Американски Држави. Симпозиумот се фокусираше на прашања од областа на градежното конструкторство, со посебен акцент на современите методи и техники за проектирање и изведба на градежните конструкции како предуслов за одржлив развој.

На симпозиумот домашните и странските учесници разменија знаење и идеи за најновите научни достигнувања и практики, поставувајќи насоки за идни истражувања и соработки во областа на градежништвото. Темата на симпозиумот беше „Современи конструкции – одржлив развој“.dgkm 2015 (3)

Претседателката на ДГКМ, проф. д-р Мери Цветковска, отворајќи го Симпозиумот го истакна значењето на ваквите собири во развојот на градежното конструкторство. За значењето на ваквите собири зборува и големиот интерес. Тоа го потврдува и фактот што  досега на сите симпозиуми присуствувале речиси 5.000 учесници од земјава и од светот, меѓу нив и од Србија, Бугарија, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Романија, Грција , Турција, Германија, Италија, Португалија, Франција, Канада, Нов Зеланд, Австралија и други.

dgkm 2015 (11)

На отворањето зборуваа и го поздравија собирот Ана Тромбева Гаврилоска, генерален секретар на ДГКМ, претставникот од Инженерска комора на Македонија, проф. д-р Милорад Јовановски, претседателот на Друштвото на градежни конструктори на Србија, проф. д-р Ѓорѓе Лаѓиновиќ, претставникот на Друштвото на градежни конструктори на Бугарија, проф. д-р Дончо Партов, деканот на Градежниот факултет на универзитетот на Црна Гора во Подгорица, проф. д-р Милош Кнежевиќ, деканот на Градежниот факултет на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Дарко Мославац, Медет Исабеков менаџер во корпорацијата БИ Груп од Казахстан и градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески.

dgkm 2015 (17)

Воведна презентација, како поканет гостин,  имаше проф. д-р Дубравка Бјеговиќ , со темата „Материјали за нови видови и технологии на бетон“. dgkm 2015 (4)

Други поканети излагања беа на Хелена Круз со темата „Одржлива употреба на дрвото во градежништвото – спецификација, одржување и поправка за продолжување на векот на конструкцијата“,Маурицио Фолеса и Масимо Фраџиакомо со темата „Сеизмичко проектирање на накрсно ламинирани дрвени конструкции според еврокод 8“, Цветан Георгиев и Николај Рангелов со темата „Воведување на еврокодовите во Бугарија и спроведување на еврокод 3“, Јоже Кочар со темата „Европска регулатива за градежни материјали-принципи и имплементација“, Гунтер Мешке, Јелена Нинич, Стефан Фреитаг, Као Ба Трунг, Алсахлу Абдула и Гал Војтеч со темата „Предвидување на интеракција почва-конструкција при механизирана градба на тунел и тbm управувачка подршка, Јордан Милев, Николај Милев и Ѓорги Георгиев со темата „Проблеми при примена на еврокодовите при сеизмичко проектирање на армиранобетонски згради“, Марина Трајкова со темата „Примена на еврокодовите при рехабилитација и зајакнување на постојни и историски објекти“ и Младен Улиќевиќ и Перо Вујовиќ со темата „Концептуално и прелиминарно проектирање на мостови на автопатот Подгорица-Матешево“.dgkm 2015 (8)

На собирот традиционално, беа доделени и наградите за остварувања во областа на науката, проектирањето и изведбата на градежни конструкции во периодот помеѓу два симпозиуми. За наука признанија на ДГКМ добија Кемал Едип, Алаксандар Богдановиќ, Марија Лазаревска, Дарко Наков, Златко Зафировски и Коце Тодоров. Од областа на проектирањето беше наградена компанијата DIWI Makedonija dooel, а за изведба награди добија ELEM за хидроцентралата Св. Петка, беше наградена и изградбата на националната спортска арена „Филип Втори“ и компанијата „Синтек“ ДОО, за санација на Мелничкиот мост.

dgkm 2015

Во рамките на Симпозиумот, покрај презентацијата на научните трудови, во соработка со Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија, Институтот за стандардизација на РМ и Министерството за Економија се  одржаа тркалезни маси. ЕДната на темата „Еврокодови и национални анекси“, а другата беше посветена на новиот Закон за градежни производи, кој претставува транспонирање на Европската регулатива 305/2011, каде гости беа Јоже Кочар од Словенија и Соња Черепналковска, како член на работната група за подготовка на законот.

Испрати коментар

Scroll To Top