Насловна / Ентериери / Ресторан како од земјата на бајките

Ресторан како од земјата на бајките

ресторан од землјата на бајките_04
Во полскиот град Познан се наоѓа ресторан под име Weranda, кој пред 15 години започнал како мал кафе бар, чии декор бил инспириран од рустикалните домови со shabby chic уредување и бујната зелена околина. Денес, зад ова име како семеен бизнис стои врвен ресторан, lounge бар, вински бар и една мала продавница со деликатеси во која може да се купат пецива, колачи и домашни џемови. Она по што Weranda се издвојува од повеќето други ресторани, кафулиња и барови е ентериерот што изгледа како да сте влегле во земјата на бајките.

ресторан од землјата на бајките_01 ресторан од землјата на бајките_02 ресторан од землјата на бајките_03 ресторан од землјата на бајките_05 ресторан од землјата на бајките_06 ресторан од землјата на бајките_07

Секоја сезона ентериерите на  Weranda се менуваат во согласност со годишните времиња, а посебно се издвојува во пролет, кога ентериерот изгледа како рајска градина. Сите декорации се рачно изведени од страна на сопствениците и вработените, и сите подеднакво се вклучени во идеите и нивното извршување. Откако ќе ги тргнат декорациите, сопствениците ги проследуваат на детските болници и домови, за да им се разубави престојот на децата.

Прекрасниот амбиент на ресторанот го следи и врвна услуга според њујоршките cool клубови и со индустриски „вкус“. Недопрената природа со диви цвеќиња и дрвја се секогаш надополнети со саксии од лалиња, големи вазни со кали, глинени садови со свежи билки за зачини, лилјани, и секако шармантни ретро маси и столици кои потсетуваат на изгледот на романтичните рурални куќи од бајките.ресторан од землјата на бајките_08 ресторан од землјата на бајките_09 ресторан од землјата на бајките_10 ресторан од землјата на бајките_11 ресторан од землјата на бајките_12 ресторан од землјата на бајките_13 ресторан од землјата на бајките_14 ресторан од землјата на бајките_15 ресторан од землјата на бајките_16 ресторан од землјата на бајките_17 ресторан од землјата на бајките_18 ресторан од землјата на бајките_19

Испрати коментар

Scroll To Top