Насловна / Арт и дизајн / Renault најави нов концепт на водород, кој ќе дебитира во мај

Renault најави нов концепт на водород, кој ќе дебитира во мај

Компанијата Renault објави тизер за мистериозниот концепт кој ќе се појави во мај годинава. Всушност, станува збор за најава на „стратегијата за одржлив развој“, а неговиот мотор на водород ја следи стратегијата на Renault која се однесува на „декарбонизацијата“ и користењето на рециклирани материјали.

teaser1

teaser2

Renault објави само еден тизер на кој се гледа предниот дел на возилото, LED светлата со агресивен дизајн, како и дополнителни светлосни единици на браникот. Логотипот на компанијата е исто така осветлен. Се разбира, сето тоа е недоволно за да се утврди со сигурност типот на каросеријата, иако се чини дека станува збор за hatchback или  SUV. Развојот на овој сеуште неименуван концепт е фокусиран околу три столба, а тоа се екологија (водороден погон, одржливи материјали), сигурност (технолошки иновации) и инклузивност (разноликост на развојниот тим и достапност). Концептот е дел од конечната цел на компанијата, а тоа е целосно електричен микс до 2030 година. Интересно е дека терминот „водороден мотор“ укажува на мотор со внатрешно согорување кој користи водород, но истовремено терминот „целосен електричен микс“ укажува на електрични мотори. Како и да е, во наредниот период се очекуваат нови тизери, па веројатно нештата ќе станат појасни.

teaser3

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top