Насловна / Вести / Реконструкција на коловозот кај Народна банка

Реконструкција на коловозот кај Народна банка

rekonstrukcija na pitu

Почна реконструкцијата на крајната сообраќајна лента на булеварот „Kузман Јосифовски – Питу“, кај автобуското стојалиште пред Народна банка. Почетокот на работите го означи скопскиот градоначалник Kоце Трајановски.
„Оваа улица беше целосно обновена во 2011 година, но веднаш пропадна, па изведувачот го санираше стојалиштето кај банката на свој трошок. Но, коловозот и по тоа повторно пропадна. Затоа Градот направи дополнителни испитувања и мерења и констатира дека подлогата под стојалиштето не е квалитетна “, објасни Трајановски.
Новиот проект предвидува да се извади тампонскиот слој и целосно да се реконструира коловозот.
Kрајната сообраќајна лента ќе се обнови во должина од 200 метри, пред и по автобуската станица. Оштетениот и вдлабнат површински асфалтен слој ќе се изгребе, ќе се санира потповршинскиот слој до длабочина од еден метар и повторно ќе се асфалтира. Исто така, ќе се нивелираат постојните шахти и сливници.
По завршувањето на овие активности, ќе се реконструира и крајната сообраќајна лента пред стојалиштето кај „Веро центар“ во должина од 102 метра, а потоа и лентата пред станицата кај МАНУ. Минатиот месец се работеше кај автобуското стојалиште на „Рекорд“.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top