Насловна / Вести / Нови конкурси за реконструкција на фасадите на повеќе згради во Скопје

Нови конкурси за реконструкција на фасадите на повеќе згради во Скопје

konkurs fasadi_1

Градот Скопје распиша повеќе одделни Конкурси за избор на идејни решенија за реконструкција на фасади на постојни објекти на неколку различни локации во македонската метропола. Целосно ќе се менува изгледот на дури 12 објекти околу плоштадот „ВМРО“, на 12 објекти долж булеварот „Илинден“, на шест згради што гравитираат околу плоштадот „Мајка Тереза“ и седиштето на Стопанска банка во склоп на ГТЦ, на пет објекти што се протегаат долж улицата „Димитрие Чуповски“, како и градбите лоцирани на улицата „Црвена скопска општина“.konkurs fasadi
Од архитектите се бара да достават решенија што ќе ги почитуваат програмските барања и постоечките прописи за проектирање и реконструкција на фасади, но и да ги задоволат критериумите за изводливост и одржливост, инвентивност во пристапот на обликување и економичност. На победниците градската власт ќе им додели награди во износ од 25.000 и од 40.000 денари. Конкурсните трудови треба да се достават до Архивата на Градот Скопје, и тоа најдоцна во деновите во периодот од 25 септември до 1 октомври, во зависност од тоа за кој конкретен објект се конкурира.

Испрати коментар

Scroll To Top