Насловна / Вести / Реконструирана спомен соба на Мустафа Кемал Ататурк во НУ Завод и Музеј – Битола

Реконструирана спомен соба на Мустафа Кемал Ататурк во НУ Завод и Музеј – Битола

kemal ataturk vo bitola_1_resize
Турскиот вицепремиер Емрулах Ишлер и министерката за култура на РМ Елизабета Канческа – Милеска денеска свечено ја пуштија во употреба целосно реконструираната спомен соба на Мустафа Кемал Ататурк во НУ Завод и Музеј – Битола.
„Големо е задоволството што во моментов се наоѓам во Воената гимназија, каде што основоположникот на Република Турција, големиот лидер Мустафа Кемал Ататурк се образувал од 1896 до 1898 година“, изјави новоименуваниот вицепремиер на Република Турција обраќајќи се пред присутните, меѓу нив и културниот аташе на Турција во Македонија и градоначалникот на Битола, но и многу членови на турската етничка заедница.

kemal ataturk vo bitola_2_resize
„Сакам да го изразам огромното задоволство што денеска во присуство на вицепремиерот на Турција имавме можност да го поставиме камен- темелникот на новиот Турски театар, а денеска сме и во Битола, каде што можеме да ја видиме реконструкцијата на спомен собата на Кемал Ататурк којашто е сместена во Завод и Музеј – Битола, зграда која е значаен споменик на културата. Оваа инвестиција опфаќаше и реконструкција на влезната партија, надворешниот дел на фасадата“, рече Канческа Милеска, министерката за култура на РМ.
Спомен собата на Мустафа Кемал Ататурк е отворена во 1996 година, а реставрацијата на фасадата, поправката на влезната врата, промената на внатрешните и надворешните прозорци и реставрацијата на внатрешните ѕидови е резултат на соработката со ТИКА – Турска асоцијација за заштита на светското културно богатство.

Испрати коментар

Scroll To Top