Насловна / Градежништво / Повторно во функција регионалниот пат Тетово – Јажинце

Повторно во функција регионалниот пат Тетово – Јажинце

selo vratnica_1_resize
Денеска во тетовското село Вратница е пуштен во употреба регионалниот пат Тетово – Јажинце, вреден 150 милиони денари. На пуштањето во употреба присуствуваше и македонскиот премиер Никола Груевски.
„Патот долги години беше во многу лоша состојба, со намалена безбедност на сообраќајот, а по него секојдневно се движат илјадници луѓе. Сигурен сум дека сега жителите на Џепчиште, Непроштено, Лешок, Јегуновце, Вратница и другите места ќе ги почувствуваат придобивките од реконструкцијата со која на регионалниот пат се овозможува безбедно одвивање на сообраќајот, се намалува времето на патување и се забрзува сообраќајната комуникација на Тетово со околните населени места и со Република Косово“, истакна премиерот Груевски пред пуштањето во употреба.

selo vratnica_2_resize
Директорот на Агенцијата за државни патишта Љупчо Георгиевски, најави дека годинава ќе бидат завршени локалните патни правци Тетово – Бродец, Кале до спојот со Тетово – Селце, патот за село Лешок и до општинската зграда Теарце или вкупно 6,5 километри во вредност од 56,8 милиони денари. Ќе се продолжи со работа и на регионалниот пат Тетово – Гостивар, на делницата Боговиње – Пирок – Градец, како и на регионалните патни правци Теарце – Јегуновце, Јегуновце – Шемшово…
„Спроведувањето на владините политики и помагањето на сите општини во изградбата на локалната патна мрежа од 2009 до 2013 година доведе до изградени 586 километри локални патишта во вредност од околу 45 милиони евра. Ваквата поддршка продолжува и следните две години кога ќе бидат изградени уште сто локални патишта во должина од околу 200 километри што е инвестиција од 20 милиони евра“, изјави директорот Георгиевски.

Испрати коментар

Scroll To Top