Насловна / Вести / Реалната потрошувачка на гориво и реалните емисии на возилата во ЕУ, за 20% повисоки од оние на тестовите во лабораториски услови

Реалната потрошувачка на гориво и реалните емисии на возилата во ЕУ, за 20% повисоки од оние на тестовите во лабораториски услови

Реалната потрошувачка на  гориво и реалните емисии на CO2 од дизелашите и бензинците, се поголеми за околу 20% од официјалните вредности на стандардизираниот тест за лесни возила, додека кај plug -in хибридните возила реалните емисии на CO2биле во просек 3,5 пати повисоки од лабораториските вредности. Ова го соопшти Европската комисија по повод својот прв извештај за реалните емисии на CO2на новите патнички автомобили и комби возила.

1_78

Извештајот е базиран на податоците собрани во 2021 година од уредите за следење на потрошувачката на гориво кои се инсталирани во овие возила. Првите податоци од примерок од 600.000 автомобили ги покажуваат претходно споменатите разлики, кај одделните категории возила. Со проширување на опфатот на податоци во текот на наредните години, ќе се утврди каков ќе биде трендот, одноно дали оваа разлика ќе се намалува или ќе се зголемува.

1_79

Европската комисија истакнува дека овие резултати се очекувани, бидејќи постојат различни фактори кои влијаат врз емисиите во реалниот свет, кои не можат во целост да се симулираат во лабораториски услови. Извештајот опфаќа и анализи на возниот парк  по производители.

Испрати коментар

Scroll To Top