Насловна / Архитектура / Разиграна шарена зграда на универзитетот во Богота

Разиграна шарена зграда на универзитетот во Богота

Архитектонското биро Heatherwick со седиште во Велика Британија го претстави проектот за својата прва зграда во Јужна Америка, за универзитет во Богота, со шарени, брановидни столбови инспирирани од традиционалните автохтони техники на ткаење.

2

Сместена во Богота, покрај главната улица, оваа седумкатна зграда ќе биде дел од Универзитетот Еан и ќе биде школа и работилници за одржлив дизајн.

Визуелизациите ја прикажуваат фасадата составена од брановидна серија на кружни шарени столбови по целата висина на зградата. Терасите налик на градини се поставени наизменично на столбовите што се издигаат и ги поврзуваат различните катови од зградата. Шарени, геометриски столбови се видливи и по страните на зградата.

3

Секој кат од зградата ќе има стаклена фасада со дрвена рамка.

„Дизајнот им оддава почит на локалните занаетчиски традиции, како што се корпите од werregue дрво, форма на ткаење единствена за домородното население на Колумбија, индијанската заедница Wounaan“, се вели во соопштението на бирото.

Кошниците werregue се карактеризираат со слична овална силуета и најчесто се направени од палми и обоени со растителни бои.

10

Испрати коментар

Scroll To Top