Насловна / Арт и дизајн / Ray Ban и Meta ги претставија новите паметни очила – технологија и дизајн во едно

Ray Ban и Meta ги претставија новите паметни очила – технологија и дизајн во едно

Meta Connect (поранешен Facebook) официјално ги претстави своите долго очекувани паметни очила Ray-Ban Meta од следната генерација. Оваа најнова итерација може да се пофали со низа импресивни подобрувања, меѓу кои: подобрен звук, ултраширока камера од 12MP, моќни перформанси, елегантен дизајн, подбрена удобност и контрола.

Meta Reality Labs Product Preview

смартглассес2

 

Потполно новата платформа Qualcomm Snapdragon AR1 Gen1, им овозможува на овие очила висококвалитетна обработка на фотографии и видеа. Редизајнираното куќиште за полнење држи до осум дополнителни полнења, овозможувајќи вкупно 36 часа користење. Што се однесува до дизајнот, колекцијата на овие очила ги опфаќа познатите варијанти Wayfarer и Headliner во мат црна и сјајна црна, како и три транспарентни изведби изведби на рамките. Достапни се над 150 комбинации на различни модели. Намалената маса и ултратенкиоу профил овозможуваат тие да се удобни за пдоолго користење, а исто така се отпорни на вода (IPX4).

смартглассес3

 

Испрати коментар

Scroll To Top