Насловна / Вести / Раст на обновливите извори на енергија во Турција

Раст на обновливите извори на енергија во Турција

Дури 99,6% од новопроизведената електрична енергија во Турција оваа година, потекнува од обновливи извори, од кои најголем дел се должи на хидроцентралите. Притоа, новоинсталираната моќност на турските електроенергетски постројки во првите девет месеци изнесувала 1,93GW, со што вкупната моќност на сите постројки е зголемена на 93,21 GW. Во вкупното новоостварено производство на електрична енергија од обновливи извори, дури 66,6% или 2/3 го сочинуваат хидроцентралите, а потоа следуваат ветерните електрани со 25,6%, соларните електрани со 4,6% и геотермалните и електраните на отпад со 3,1%. Истовремено, турската влада усвоила низа мерки за поттикнување на примената на обновливите извори на енергија. Од друга страна, Турција останува на второ место во светот после Кина, по уделот на енергија произведена во термоцентрали на јаглен, чија вкупна инсталирана моќност изнесува 32 GW. Тоа е секако предизвикано од силниот еконосмки раст кој ја зголемил побарувачката од енергија.

turkey1

turkey2

Испрати коментар

Scroll To Top