Насловна / Вести / Славните во Холивуд забрзано ги продаваат луксузните вили – и пентхаусот на Кејт Винслет се најде на пазарот

Славните во Холивуд забрзано ги продаваат луксузните вили – и пентхаусот на Кејт Винслет се најде на пазарот

Славните во Холивуд во последните месеци забрзано ги продаваат своите луксузни вили, а на пазарот се најде и една недвижност на Кејт Винслет, по цена од 5,7 милиони УСД. После Елен ДеЏенерис, Никол Шерцингер, Винона Рајдер и многу други, својот пентхаус во Њујорк го продава и Кејт Винслет. Малкумина се оние кои би можеле да се вселат во овој раскошен двокатен пентхаус со излез на покривот коj и припаѓа на Винслет. Популарната ѕвезда на „Титаник“ недвижноста ја купила во 2004 година, но сега после 16 години, оскаровката одлучила дека е време да се поздрави со неа. Луксузниот стан со површина од 280 метри квадратни е сместен во њујоршката населба Челзи и има четири спални и исто толку бањи. Секое катче е минималистички уредено, а во сите простории има голем број прозорци, па станот е исполнет со природна светлина преку целиот ден.

winslet1

winslet2

winslet3

winslet4

winslet5

winslet6

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top