За сите заинтересирани кои сакаат да купат соларна електрана, Шпанија е вистинското место. Цените на фотонапонските постројки од почетокот на 2024 година до денес се намалени за околу една третина. Додека потрошувачите уживаат во ниските цени, инвеститорите се фаќаат за глава. Шпанскиот сектор на соларна енергија минува низ сериозна криза, пренесува Financial Times. Ова се случува откако падот на цената на електричната енергија ги принуди сопствениците на послаби проекти на еден од водечките европски пазари за енергија од обновливи извори, да бараат нови решенија.

Земјата стана шампион во соларна енергија благодарение на обилното Сончево зрачење и владините политики за поддршка на таквите инвестиции. Но, порастот нa производството на елeктрична енергија ја надмина побарувачката, намалувајќи ги цените на електричната енергија и профитот на производителите. На сцена е канибализација на соларниот сектор, кој многумина го најавуваа. Негативните цени на електричнаат енергија во Европа се удвоени. Во Шпанија се забележани во над 500 часови оваа година, а во 2024 година биле 244. Затоа не изненадува што Владата на премиерот Педро Санчез, која ја предводат социјалистите, вели дека ефтината електрична енергија е добра работа и веќе привлекува нови индустриски инвестиции кои ќе ја зајакнат економијата. Но, производителите и инвеститорите во соларниот сектор не го делат тој оптимизам. Продажбата на електраните, чија вредност во меѓувреме паднала, за многумина станува главен излез. Освен во продажбата, излезот се гледа и во инсталирање на батериски системи за складирање на енергија (BESS).

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија