Насловна / Вести / Проф.Мери Цветковска гостин на „Engineer Cast“ за пожарната безбедност на градежните конструкции

Проф.Мери Цветковска гостин на „Engineer Cast“ за пожарната безбедност на градежните конструкции

Во четвртата епизода од „Engineer Cast“ гостува проф. Мери Цветковска и се зборува за пожарната безбедност на градежните конструкции и влијанието на пожарот врз нивната стабилност и носивост.

  • како пожарот дејствува врз бетонски и челични конструкции
  • кои се најчестите последици од високи температури
  • кои се основните заштитни системи и мерки за пожарна заштита
  • зошто превенцијата е клучен дел од современото проектирање

Проф. д-р Мери Цветковска  e член на Катедрата за механика и материјали. Дипломирала во 1984 година на Градежен факултет-Скопје при УКИМ, магистрирала во 1994 година а докторирала во 2002 година на Градежен факултет-Скопје при УКИМ. На прв циклус ги предава следните предмети: „ Статика “ и „Кинематика и динамика“  на СП Градежништво. На втор циклус ги предава следните предмети: „Пожар и конструкции“ , „Пожарна отпорност на конструкции“ и „Енергетска ефикасност на градежни објекти “  на СП Градежништво-конструктивна насока, како и  „ Пожарна отпорност на к-ции“ на Градежен факултет-Подгорица, Црна Гора. На третиот циклус ги предава следните предмети: „Пожарна отпорност на АБ к-ции“ и „МКЕ за решавање на стационарни и нестационарни температурни полиња“ на СП Градежништво, како и „Пожарна отпорност на АБ к-ции“ на Факултет за Технички науки, Нови Сад, Србија.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top