Насловна / Архитектура / Распишан меѓународен конкурс за Саемско-конгресен центар во Подгорица

Распишан меѓународен конкурс за Саемско-конгресен центар во Подгорица

Главниот град Подгорица распиша конкурс за урбанистичко-архитектонско идејно решение на Саемскиот и конгресен центар во Подгорица. Конкурсот е меѓународен, општ, едностепен и анонимен, додека учеството е бесплатно.

Рокот за предавање на трудовите е 01.07.2025 година, а за учесниците на конкурсот е определен награден фонд во износ од 52.000 евра, кој ќе биде распределен на прва (27.000 €), втора(13.000 €) и трета награда (7.500 €), како и три откупи од по 1. 500 евра.

Цел на конкурсот

Како што се наведува во расписот, целта на конкурсот е да се добие современо, функционално и архитектонски препознатливо решение за Саемскиот и конгресен центар во Подгорица, со што ќе се овозможи одржување на саеми, конференции, концерти и други настани од значење за развојот на градот и државата Црна Гора.

Идејното решение треба да опфати мповеќенаменска изложбена сала (~ 5.000 m²), мултифункционална конгресна сала за 1.200 учесници, придружни капацитети (влезна зона, администрација, ресторан, деловен простор, магацин, релаксација и зелени површини, паркинг…) и вклопување во постоечкиот пејзаж и инфраструктура на локација од 2,88 хектари.

Задача на конкурсот

Со проектната задача предметната локација треба ја дефинира симбиозата на архитектурата, инфраструктурата, урбанизмот, пејзажното уредување и јавниот простор. Локацијата е ослободена од традиционално-наследен контекст, па во таа насока е дозволено создавање на иновативна зона, која мора да ги почитува затечените инфраструктурни и пејзажни услови.

„Саемско – конгресниот центар потребно е да се третира независно како функционална целина, но и интегрално со надворешниот простор, кој во зависност од потребите на градот треба да понуди отворени површини за настани. Со својата структура, форма и опременост треба да ги задоволи различните потреби на корисниците на просторот“, се вели во конкурсната задача.

Конкурсни рокови

рок за прашања: до 15 мај 2025 година.

краен рок за предавање на трудовите: 1 јули 2025 година до 9:00 часот (UTC+2)

објавување на резултатите: до 23 јули 2025 година

Членови на жирито

Бранислав Греговиќ – архитект

Милка Гњато – архитект

Јуре Грохар – архитект

Новица Митровиќ – Инженерска комора на Црна Гора

Душка Мачиќ – претставник на Главниот град

Важни линкови

Дополнителни информации за конкурсот се достапни на www.architecturalcompetitions.me.

Комплетната текстуална и графичка документација можете да ја преземете на овој линк.

Трудовите се доставуваат дигитално преку е-пошта: [email protected].

Испрати коментар

Scroll To Top