Насловна / Вести / SpaceX доби забрана за слетување на Бахамите поради заштита на животната средина

SpaceX доби забрана за слетување на Бахамите поради заштита на животната средина

Владата на Бахамите ги забрани сите слетувања на ракетата Falcon 9, на компанијата SpaceX, во таа земја, се додека не се проверат сите аспекти во однос на проценката на влијанието врз животната средина. Бахамите уште во февруари, по првото слетување на летало на SpaceX, потврди дека иа одобрение уште за 19 во текот на оваа година, истовремено истакнувајќи дека тоа подлежи на регулаторно одобрување.

Промената на ставот на властите во оваа земја доаѓа откако леталото SpaceX Starship, минатиот месец експлодираше во вселената, само неколку минути по лансирањето од Тексас. Видео записите на социјалните мрежи покажаа купишта отпад кој се шири на небото во близина на Флорида и Бахамите. После оваа несреќа, Бахамите објавија дека делови од леталото паднале во нивниот воздушен простор.

 

Испрати коментар

Scroll To Top