Насловна / Архитектура / Работилница АРХИВИКИ 0,3 од 13 до 14 април

Работилница АРХИВИКИ 0,3 од 13 до 14 април

Како што пренесува порталот МАРХ најавена e работилницата АРХИВИКИ 0,3 (13- 14 април) во организација на Архипункт во соработка со Википедија и МАРХ.
Работилницата која веќе станува традиционална, има за цел да го збогати интернет просторот со содржина за домашната и светската архитектура на македонски јазик. Оваа година ќе се оддржи во просториите на Архитектонски факултет со што се надмина пречката за неограничен број на учесници.
Бројот и содржината на статиите за архитектура на македонски јазик на Интернет се многу ограничени. Ова е особено видливо преку Википедија, првото интернет место за пристап до информации од било која област, која е во недостаток на многу значајни податоци, поими, градби, творци и правци присутни во целокупното досегашно македонско и светско архитектонско творештво.

марх1
Википедија е слободна енциклопедија, осмислена да функционира на принципот на соработка и придонес од страна на нејзините корисници. Целта на Википедија е да создаде „свет во којшто секој поединец има слободен пристап до сумата на севкупното човечко знаење.“
Википедија е едно од најпопуларните референтни места на Интернет, примајќи околу 50 милиони прегледи на ден.

Цел на работилницата:

Во согласност со Вики-концептот, во опуштена и друштвена атмосфера:
– Да се дознае нешто повеќе за македонското и светското архитектонско творештво
– Да се научи постапката за уредување содржини на Википедија
– Да се придонесе кон достапноста на информациите за македонската и светска архитектура во севкупноста на човековото знаење преку внесување нови и дополнување на некои од постоечките статии на македонската Википедија

марх2

Распоред на работилницата:

13.04.2018г. (18:00-20:00)
– Запознавање на учесниците
– Претставување на организаторот и соработниците
– Презентација на Споделено знаење- Како се внесуваат содржини на Википедија?
– Формирање групи и организирање на работата

14.04.2018г. (10:00-18:00)
– Уредување статии
– Пауза за ручек
– Уредување статии
(МАРХ)

Испрати коментар

Scroll To Top