Насловна / Вести / Путин: „Пуштањето во употреба на гасоводот Северен тек 2 би ја зголемило испораката на гас во Европа“

Путин: „Пуштањето во употреба на гасоводот Северен тек 2 би ја зголемило испораката на гас во Европа“

Пуштањето во употреба на гасоводот „Северен тек 2“ е еден од начините за зголемување на испораката на руски гас во Европа, иако половина од неговиот капацитет веќе е наменет за домашна потрошувачка, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

„Имаме подготвена уште една рута, тоа е Северен тек 2. Може да се пушти“, изјави Путин, зборувајќи за опциите за решавање на енергетската криза во Европа, пренесе Тасс.

Тој, сепак, напомена дека во моментов има „проблем“ со таа рута.

п1

„Пред околу месец и пол или два, во разговор со германскиот канцелар (Олаф Шолц) го покренав ова прашање и реков дека Гаспром додели капацитети, дека ги создаде овие капацитети и дека мора да направи нешто околу тоа. Тие не можат вечно да висат во воздух“, рече Путин.

Според неговите зборови, германскиот канцелар одговорил дека има поважни прашања.

п2

„Значи, морав да предупредам дека половина од количеството на гас планиран за Северен тек 2 ќе го искористиме за домашна потрошувачка и употреба. И Гаспром веќе го направи тоа, па дури и утре да го пуштиме Северен тек 2, испораките (во Европа) нема да бидат 55 милијарди кубни метри годишно, туку точно половина од тоа“, нагласи Путин.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top