Насловна / Арт и дизајн / Sotheby’s продаде маса на Жан Пруве за 1.6 милиони долари

Sotheby’s продаде маса на Жан Пруве за 1.6 милиони долари

Жан Пруве (1901 – 1984) е француски металски работник, самоук архитект и дизајнер. Ле Корбизје го прогласил Пруве за конструктор, кој ги спојува архитектурата и инженерството. Главното достигнување на Пруве било пренесувањето на производната технологија од индустријата во архитектурата, без губење на естетските квалитети.

06

Масата на Жан Пруве од 1,6 милиони долари докажува дека не е сè што сјае злато и не е сè што е скапо и скапоцено. Пред некое време, Sotheby’s продаде две маси на Жан Пруве направени од фибриран бетон Granipoli, мешавина од цемент и азбест.

01

Познато е дека материјалот предизвикува рак, но во тоа време се сметал за одличен градежен материјал. Една од двете маси на Пруве е продадена од колекционерот на уметнички дела Питер Брант и супермоделот Стефани Сејмур за 988.000 долари. Минатиот месец, уште едно парче беше продадено на аукцијата на куќата Important Design за неверојатни 1,6 милиони долари.

03

Масите припаѓаат на ерата од 1930 година и биле дел од сет од 30, направени во 1939 година за менза во летен камп на морскиот брег во Франција. Маса направена од азбест во детски летен камп денес е незамислива бидејќи кога материјалот ќе почне да се распаѓа, вдишувањето на неговите микроскопски канцерогени влакна може да биде смртоносно.

04

Уште понеразбирливо е што угледна аукциска куќа како Sotheby’s не наговестила дека купувачот ќе потроши илјадници на старо парче мебел со опасна материја. „Тоа е едноставно погрешно. Постои морална обврска да се информираат клиентите, без разлика дали се грижат или не – азбестот е познат канцероген“.

Претставник на аукциската куќа во е-пошта изјавил: „Sotheby’s во моментов работи со својот научно истражувачки тим за да го идентификува материјалот. Предметот останува во сопственост на аукциската куќа Sotheby’s и ќе биде изолиран до резултатите од анализата“.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top