Насловна / Арт и дизајн / Првиот „Своч на Кирилица“- „Дениција“ на Зоран Кардула

Првиот „Своч на Кирилица“- „Дениција“ на Зоран Кардула

„Своч на Кирилица“ e проект кој има за цел да ја обедини креативноста во Македонија и заедно со уметниците, илустраторите и дизајнерите, да ја креира првата Swatch колекција на часовници дизајнирани од македонски автори.

своч1_resize

Првиот часовник од специјалната едиција „Своч на Кирилица“, која „Божиновски часовници и накит“ ја реализира по повод триесетгодишнината од независноста е „Дениција“, потпишан од македонскиот дизајнер и илустратор Зоран Кардула.

своч_resize

Часовникот е дизајниран со мотив од познатата едиција „Жени“ на авторот, инспирирани од загонетната и бескрајна љубов која ја опејува еден од најзначајните македонски писатели, Петре М. Андреевски во стихозбирката „Дениција“ или циклусот песни за Дениција. Часовникот симболично го доби името „Дениција“, име кое асоцира и на изгрејсонце, на ѕвездата Деница, на светлина, плодност, убавина, но и на нашата татковина.

своч2_resize

Сите часовници кои ќе бидат издадени ќе имаат колекционерска вредност и ќе бидат достапни во ограничена симболична количина од 30 парчиња. Продажбата ќе се одвива преку аукција на 16.декември 2021, а собраните средства од наддавањето ќе се употребат за формирање на фондација која ќе стипендира млади креативци од Македонија.

* * * * *

Зоран Кардула е роден во 1967 година во Крушево во влашко семејство. Тој е дипломиран електроинженер кој со графички дизајн се занимава од 2000тата година, работи како дизајнер во агенцијата „Публицис” од Скопје, а паралелно е посветен и на сликарство и тоа од почетокот на 90тите години на XX век. Досега учествувал на различни конкурси, меѓу кои на конкурс за дизајн на накит за „Swarovski” и „INYO”, каде бил и финалист. Во ноември 2017 година имал изложба на постери на тема „Soviet Neo-Constructivist Propaganda” во Минеаполис, САД. Во јануари 2018 година во Рим ја претставил “Изложба без жири”, поставка на 40 негови дела кои биле редизајн на симболите кои ја одбележале социјалистичката ера на поранешна Југославија. Изложбата била дел од настанот насловен Мондо екс, омаж на големиот европски интелектуалец Предраг Матвејевиќ, по повод една година од неговата смрт. Во 2017 година издал и книга, „Гуш и Бац”, која била создадена од зборовите на неговата аутистична ќерка Ерато. Книгата содржи измислени 47 зборови на Ерато, преведени на 19 јазици, како и 47 илустрации на нејзините зборови создадени од 33 креативци. Живее и работи во Скопје.

своч3_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top