Насловна / Архитектура / Првиот дрвен стадион во светот доби зелено светло за изградба

Првиот дрвен стадион во светот доби зелено светло за изградба

Долгогодишните планови за изградба на дрвен стадион во Англија, чиј проект го потпишуваат реномираните архитекти на Заха Хадид, стануваат реалност.

stadion

Идејното решение на ZHA за еколошкиот стадион на фудбалскиот клуб Форест Грин Роверс доби зелено светло за реализација. Имено, англиската фудбалска лига минатата недела ги одобри плановите за изградба на нов клупски парк „Еко парк“ стадион во градот Глостершир, кој ќе биде првиот фудбалски стадион што ќе користи дрва за структурните елементи, како и за подовите.

stadion1

ZHA победи во конкуренција за нов стадион со пет илјади места уште во 2016 година, но студиото доби барање да го рафинира проектот кога одборот за планирање во јуни 2019 година побара промени во соседниот деловен објект. Сега, кога стадионот е конечно одобрен, сигурно е дека тој ќе стане дел од „Еко парк“, кој ќе зафаќа површина од 100 хектари и ќе претставува кампус за развој на технолошки бизнис на британската енергетска компанија „Ecotricity“, која исто така е сопственик на овој клуб кој се натпреварува во англиската фудбалска лига.

stadion2

Стадионот ќе биде изграден скоро целосно од дрво, вклучувајќи ги влезните портали и подови, но со исклучок на прозрачната настрешница што ќе го покрие просторот над трибините, пишува Archpaper.

stadion3

“Навистина е неверојатно тоа што овој стадион ќе биде скоро целосно направен од дрво и тоа за прв пат низ целиот свет. Важноста на дрвото не е само во природноста што се добива, туку тогаш зградата ќе има многу мала емисија на јаглерод“, вели Дејл Винс, основач на „Ecotricity“ и претседател на клубот Форест Грин Роверс.

Во интервју за Sky Sports неодамна, Винс рече дека ќе требаат три до четири години Форест Грин Роверс да играат на нивниот нов стадион, бидејќи е потребна дополнителна работа на инфраструктурата на локацијата.

stadion4

Обликот на објектот е брановиден во неговата периферна зона, така што волуменот се зголемува заедно со висината, со цел да се обезбеди простор за дополнителна организација на седиштето.

За време на првата фаза од развојот на проектот, бил планиран капацитет од пет илјади посетители, но проектот ZHA ќе овозможи проширување на дури 10 илјади места.

Предвидено е Еко паркот да биде поделен на два дела, во едниот дел ќе има стадион, околни јавни фудбалски игралишта, спортско-научен центар и мултидисциплинарни објекти, додека во другиот дел ќе има зелен технолошки деловен парк во кој ќе работат околу четири илјади луѓе.

stadion5

Испрати коментар

Scroll To Top