Насловна / Арт и дизајн / Првата Rimac Nevera испорачана на првакот во „Формула 1“, Нико Розберг

Првата Rimac Nevera испорачана на првакот во „Формула 1“, Нико Розберг

Само еден месец откако е довршен првиот сериски примерок на Rimac Neverа, автомобилот #000, автомобилот #001 веќе е испорачан на својот сопственик – светсиот првак во „Формула 1“ од 2016 година Нико Розберг.  Пред испораката на автомобилот во неговиот дом во Монако. шампионот стигнал во седиштето на Rimac Automobili во Хрватска, за да го види за прв пат својот нов автомобил.  За изработка на еден ваков автомобил во погоните на компанијата на периферијата на Загреб, потребни се пет недели. Автомобилот #000, кој компанијата ќе го задржи за себе има Callisto зелена боја и алкантара ентериер во боја на песок.

rosberg1

rosberg2

Примерокот на Розберг е во Stellar црна боја со полирани Vertex тркала. Внатрешноста е обложена со црна алкантара, со потпис на Нико Розберг на плочка. Розберг беше дел од авантурата на Rimac Automobili од времето на прототипот C_Two, автомобил кој после неколку години развој и тестирања, стана Nevera за сериско производство.

rosberg3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top