Насловна / Вести / Првата 3D печатена куќа во источна Европа, е направена во Чачак

Првата 3D печатена куќа во источна Европа, е направена во Чачак

Првата 3D печатена куќа во Србија „Прото дом“ е претставена во Научно-технолошкиот парк во Чачак. Таа е првата таква куќа направена со современа технологија во источна Европа. Куќата подготвена за вселување направена е за 24 часа. Со идеја да прават печатени куќи со помош на  3D технологија и тоа први во источна Европа, Никола Ракиќ и Милош Јовановиќ основале старт ап иновативна компанија во јули минатата година во Научно- технолошкиот парк во Чачак. „Прото дом“, мини куќата од 24 квадратни метри е веднаш вселива, отпорна на силен ветер, земјотрес и други временски непогоди. Поефтина е од традиционалната градба.

нтп1

нтп2

„Идејата се појави од една едноставна желба да ја подобриме градежната индустрија во смисла на нејзината брзина, ефикасност, а на крајот и трошоците за изградба. Материјалот кој го користиме е на база на цемент, и пет пати е појак од бетонот кој се користи во традиционалната градба. Од друга страна, кога зборуваме за брзината, куќата е завршена за 21 часа и 15 минути. Тоа значи дека му штедиме средства на инвеститорот, на купувачот на таа куќа, и трето имаме и еколошки аспект – нема отпад на градилиштето “, објаснува Никола Ракиќ, генерален директор на фирмата „Натура еко“.

нтп4

нтп5

нтп6

„Добрата визија, посветената работа и иновативноста со светски потенцијал, се вистински пример за сите оние кои би сакале да започнат свој бизнис“, велат од Научно-технолошкиот парк во Чачак.

нтп7

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top