Насловна / Арт и дизајн / Прва изложба посветена на вечната елеганција на Лорин Бекол

Прва изложба посветена на вечната елеганција на Лорин Бекол

loren bekol

Изложба наречена Lauren Bacall The Look за прв пат се организира во чест на исклучителниот стил на холивудската икона Лорин Бекол. Така, њујоршкиот Fashion Institute of Technology во следните неколку месеци ќе ја постави првата изложба посветена на актерката Лорин Бекол, нејзината кариера и стил, а по повод одбележувањето пет месеци од нејзината смрт.

loren bekol (6)

На изложбата, која се отвора на 3 март годинава, ќе бидат претставени сите препознатливи комбинации на гардероба на актерката, вклучувајќи го и светски познатиот црн свилен комбинезон на Емануел Унгаро. Сите експонати се избрани од 700 дела, коишто Бекол ги донирала на музејот помеѓу 1968 и 1986 година, а гостите на влезот во музејот ќе ги „поздравува“ фотографија на 19-годишната Бекол која била искористена за насловната страница на „Харперс Базар“.loren bekol (4) loren bekol (5) loren bekol (7) loren bekol (3) loren bekol (2)

Испрати коментар

Scroll To Top