Насловна / Архитектура / Surrey Memorial – болница дизајнирана за грижа

Surrey Memorial – болница дизајнирана за грижа

Perspektiva 2

Новиот оддел за интензивна нега во болницата Surrey Memorial, кој беше отворен на 1 октомври 2013 година, претставува најзначаен објект досега во Британска Колумбија, Канада, во кој се употребени најмногу дрвени елементи во конструктивна и неконструктивна форма. Употребата на дрво во објекти од јавен карактер е стимулирано и поддржано од локалните власти со посебно законско уредување од 2009 година. Покрај поддршката на властите, употребата на дрвото во градежништвото е поддржано и од научните истражувања кои потврдуваат дека употребата на природни материјали, дневна светлина и погледи придонесуваат за подобрување на здравјето на пациентите и нивно побрзо закрепнување.

Enterier Perspektiva

Новиот оддел за интензивна нега при болницата Surrey Memorial е замислен и создаден како влез во постоечкиот болнички комплекс. Градбата на објектот е со едноставна но моќна форма, комбинирајќи четири природни материјали – дрво, стакло, керамика и камен. Во новите простории се испланирани оддел за итна помош, оддел за интензивна нега, оддел за неонатална нега и простории за медицинско училиште и лаборатории со најнова технологија. Новиот оддел за интензивна нега е петпати поголем од стариот дел, кој е еден од најфреквентните во Британска Колумбија.

Perspektiva 3

Негата на пациентите е вградена во суштината на дизајнот на објектот со тоа што во сите простории е предвидено да има доволно дневна светлина и доволно простор за посети од најблиските членови на семејството. Проектот на новите простории се фокусира на едноставност и ефикасност со тоа што просториите за пациентите се одвоени од чекалните со „јадро“ каде се наоѓаат простории за медицинскиот персонал.

Enterier 2

Дрвото е избрано како градежен и украсен материјал заради неговите естетски, физички, механички и психолошки својства. Затоа неговата употреба е концентрирана во јавните простории како влезот, холот и повеќето ходници. Со ова се остварува поврзување на ентериерот со природата, со што се намалува стресот и вознемиреноста на пациентите. Холот на болницата, каде што се поминува подолго време, е проектиран со големи дрвени конструктивни столбови и дрвени облоги на ѕидовите. Во нормални околности, објекти со големи димензии како што е овој, не можат да добијат дозвола за градба заради непотполна заштита од пожари. Но двокатниот нов објект е поврзан со постоечкиот десеткатен објект кој е изграден од армирано-бетонска конструкција. Со 120 минутна заштита од пожари, соодветна одделеност на новиот од стариот објект и дополнителни мерки за заштита од пожари, новиот објект доби одобрение за употреба на дрво како конструктивен материјал.Enterier

Дрвената конструкција на кровот се состои од горен дел на лепени ламелирани рожници кои се потпираат на основа од лепени носачи. Двете конструкции премостуваат до шест метри преку линијата на екстериерниот стаклен ѕид. Масивната кровна конструкција се потпира на два големи ламелирани носачи во вид на дрво, кои се изработени од четири лепени ламелирани елементи поврзани со свиени челични врски. Во основата столбовите се споени, додека во средината се разделуваат на два дела издигнувајќи се во лобито во вид на гранки од дрво.

Chelichni prsteni

Секој конструктивен елемент се состои од пар ламелирани елементи, прицврстени во основата со челична основа и разделени меѓусебно со специјални челични раздвојувачи. Четирите конструктивни закривени елементи се поврзани во две точки преку хоризонтални челични прстени и на крајот преку дијагонални челични јажиња. Оваа конструктивна поставеност не дозволува природната тенденција на дрвeната структура меѓусебно да се раздели или да се искриви од вертикалните товари.Detal Masivni drveni stolbovi Chelichen prsten

Покрај тоа што објектот е одлично проектиран со масивните дрвeни носачи и големиот повеќеслоен дрвен кров, со што обезбедува стабилност во својата финална позиција, изнаоѓањето начин објектот безбедно да се подигне на градилиште претставувало значителен предизвик. По повеќе понудени решенија, избраниот начин се состоел во исправување и стабилизирање на масивните столбови, поврзување со челичната основа на дното и потоа прицврстување на целата конструкција со големите челични прстени.

Enterier Chelichen prsten

Овој проект докажува дека Канадскиот здравствен систем ја препознава улогата на дрвото како материјал за широка употреба во здравствените објекти, и дека со своите квалитети може и позитивно да влијае на пациентите и да создаде исцелителна средина.

Испрати коментар

Scroll To Top