Насловна / Вести / Се поставува ограда околу „Воинот на коњ“

Се поставува ограда околу „Воинот на коњ“

ograda okolu konj

Се поставува ограда околу споменикот „Воинот на коњ“ на плоштадот Македонија каде што се врши реконструкција на плочникот и се гради нова подна фонтана со прскалки. Работите ги изведува градежната компанија „Трансмет“ за 2,4 милиона евра.
Од Град Скопје велат дека реконструкцијата на плоштадот ќе биде завршена летово. Во наредниот период ќе се замени плочникот околу споменикот, кој ќе биде нареден како мозаик.
Подната фонтана, која се гради помеѓу споменикот и Kамениот мост, е со димензии 15 на 15 метри и се состои од 128 прскалки. Според проектот, на плоштадот Македонија ќе се постават и нови канделабри, клупи и канти за отпадоци.

Испрати коментар

Scroll To Top