Насловна / Архитектура / Протест на вработените во BIG: „Бјарке Ингелс, срам да ти е!“

Протест на вработените во BIG: „Бјарке Ингелс, срам да ти е!“

Вработените во данското архитектонско биро BIG (Bjarke Ingels Group), заедно со членовите на британскиот синдикат Unite, одржаа протест во Лондон за да го кренат својот глас против најавените отпуштања во фирмата.

Имено, група од 40 луѓе се собраа минатиот вторник пред канцелариите на BIG во деловниот комплекс Бродгејт, протестирајќи против отпуштањата што моментално се случуваат во бирото, основано во 2005 година во Копенхаген.

Од губење на голем проект до откази

Според наводите на синдикатот Unite, 72 од 160 вработени во бирото се изложени на ризик од отпуштање по губењето на еден голем проект. Демонстрациите имале за цел да го поттикнат BIG да понуди подобри услови за престанок на работниот однос и да се сретнат со синдикалните претставници за да истражат други опции за отпуштање.

Насобраните скандирањето го насочиле кон основачот на бирото, Бјарке Ингелс, осврнувајќи се на пријавените седум милиони фунти дивиденди што ги добиле акционерите на компанијата. Скандирале „Бјарке Ингелс, срам да ти е“ и „Бјарке заштеди седум милиони, дај им го на своите работници она што им го должиш“.

Зборувајќи на протестот, претставник на синдикатот Unite изнесе тврдење дека над 80 вработени во BIG се приклучиле на Секцијата на архитектонски работници – огранокот на синдикатот Unite за вработени во архитектура. Сепак, како што истакна, „ BIG одбил да се сретне со претставници на синдикатот.

„Не бевме во можност да контактираме со секој вработен кој се приклучил на синдикатот бидејќи има над 80“, рече претставникот. „Ова е едно од првите архитектонски работни места во земјата што ја достигна оваа синдикална густина, а сепак работодавачот повеќе патио одби да се сретне со нас и повеќе пати одби да се ангажира за она што неговите вработени сакаат да го дискутираат.“

Претставникот, исто така, посочи дека опцијата BIG да понуди преместување на вработените во други канцеларии во Европа не била разгледана. „Оваа компанија вработува, масовно вработува во други канцеларии во Европа, а сепак се обидуваат да протуркаат над 70 отпуштања во најкраток можен рок“.

А што вели другата страна?

Пред протестот, директорката на канцеларијата на BIG во Лондон, Хенриет Хелструп, потврди за Dezeen дека студиото изгубило голем проект и е во процес на спроведување на отпуштањата „во целосна согласност со упатствата и прописите на Велика Британија“.

„Точно е дека голем проект во нашето лондонско биро е прекинат кон крајот на ноември минатата година поради околности што се вон наша контрола“, рече Хелструп, додавајќи:

„Проектот вработи околу половина од канцеларијата и веднаш го известивме целиот наш тим за прекинувањето на проектот. Нашиот раководен тим на промислен и конструктивен начин директно се ангажира околу оние кои се засегнати, во целосна согласност со упатствата и прописите на Велика Британија“.

Да ​​потсетиме дека BIG е основан во данската престолнина во 2005 година од архитектот Бјарке Ингелс, воден од желбата да ги редефинира типологиите и да ги предизвика конвенционалните ограничувања, а денес фирмата има канцеларии во градови низ целиот свет, вклучувајќи ги Њујорк, Барселона, Лондон, Шангај и Ријад.

Испрати коментар

Scroll To Top