Насловна / Вести / Кои земји во ЕУ имаат најмала стапка на енергетска сиромаштија?

Кои земји во ЕУ имаат најмала стапка на енергетска сиромаштија?

Финска спаѓа меѓу земјите со најнизок степен на енергетска ранливост во ЕУ. Според податоците на Eurostat, само 2,7% од домаќинствата во оваа земја имаат потешкотии со обезбедувањето на адекватно греење. Во 2024 година, 9,2% од жителите на ЕУ не биле во можност адекватно да го загреат својот дом. Во споредба со 2023 година, тоа претставува подобрување од 1,4 процентни поени. По дефиниција, процентот на домаќинства кои не можат доволно односно соодветно да ги загреваат своите домови, се зема како индикатор за енергетска сиромаштија. Најголем процент на енергетски сиромашни домаќинства во ЕУ, се забележува во Бугарија и Грција (по 19%), потоа во Литванија (18%) и Шпанија (17,5%). Спротивно на тоа, покрај Финска, најниски стапки на енергетска сиромаштија имаат Полска и Словенија (по 3,3%), како и Естонија и Луксембург (по 3,6%).

За илустрација, во земјите од Западен Балкан, енергетската сиромаштија е сериозен проблем, и просечно таа достигнува околу 30% од вкупниот број на домаќинства, што е далеку над просекот на ЕУ.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top