Насловна / Архитектура / Проширување на училиште спречило сечење на шума и станало удобно место за учење

Проширување на училиште спречило сечење на шума и станало удобно место за учење

Во Полска, односно местото Весола, се наоѓа необична училишна зграда, која минатата година добила значително проширување.

1_resize

Она што е најфасцинантно за овој проект на полското архитектонско биро xystudio е фактот што процесот на реновирање на зградата всушност спасил 20 прекрасни дрвја кои сега станале нераскинлив дел од училишниот имот. Проширувањето на училиштето било неминовно, но специфичната локација барала да се изнајде подобро решение од сечењето на шумата. Бидејќи зад училиштето се наоѓал висок напуштен насип, донесена е одлука новата зграда да помине низ тој дел од имотот, а шумата да се остави недопрена.

8_resize

9_resize

Новата локација обезбеди повеќе простор што овозможило да се направат училници со нормална големина со цел да се создаде доволно простор за учење, индивидуална терапија, одржување состаноци и да се предвидат посебни тоалети за лицата со попреченост.

3_resize

4_resize

Новиот простор е опремен со гардероба, тематски училници со остави, училници за јазици и уметност, сензорни и терапевтски соби. Бидејќи станува збор за распоред каде најстарите деца имаат часови по ликовно и музичко образование само еднаш неделно, осмислен е мултифункционален концепт кој подразбира одвојување на просторот со мобилни ѕидови. На овој начин училиштето всушност ја следи работата на децата и совршено се прилагодува на нивните секојдневни потреби кога станува збор за учењето.

11_resize

16_resize

Најтешкиот аспект на проектот бил спојувањето на новиот дел на училиштето со стариот и поставувањето на нивоата, пред се затоа што зградата треба да биде достапна за лица со инвалидитет. Поради овие специфични барања на градбата, должината на поврзубањето и нивото на новиот дел биле одредени со параметрите на рампа за инвалидска количка, додека од врвот на насипот  е отстранет метар земја, за овој дел од училиштето да биде безбеден за сите кои тука престојуваат.

5_resize

6_resize

На овој начин училишната зграда не само што успеала во својата мисија да ги заштити околните дрвја, туку на своите ученици им овозможува и прекрасен поглед на зелените дрвја во текот на целиот ден.

15_resize

2_resize

14_resize

13_resize

17_resize

7_resize

18_resize

19_resize

20_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top