Насловна / Вести / Промовирана монографијата „15 години Инженерски прстен“

Промовирана монографијата „15 години Инженерски прстен“

Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери, денес, ја промовираа монографијата „15 години Инженерски прстен“. Со промоција на монографијата, во Македонската академија на науките и уметностите, се одбележаа 15 години од првото доделување на Инженерскиот прстен, кој досега го добиле 150 најдобри студенти – инженери.

Монографија промоција

Според професор д-р Христина Спасевска, претседател на Инженерската институција на Македонија, станува збор за уникатно признание во регионот, но и многу пошироко, што овозможува преку наградување на најдобрите дипломирани студенти да се промовира инженерство и науката како стожери за развојот на општеството.

20181205_120906

За професор д-р Миле Димитровски, претседател на Комората на овластени архитекти и овластени инженери – КОАИ, носителите на инжинерскиот прстен се избираат од првите пет најдобро рангирани универзитети во Република Македонија. Тој изјави:„Инженерскиот прстен не е само признаниe, туку е и обврска да се биде и да се остане најдобар. Тоа е повик да се проектира, да се гради и да се создава. Треба да се биде креативен и иновативен и да се продолжи со усовршување на своите вештини со надградба на своите знаења. Носителите треба да се стремат да бидат идните градители и учесници во напредокот и на благосостојбата на Македонија. Ние како Институции и поединци треба да направиме сé младите инженери да ги заземат своите места во компаниите, во образованието и во институциите на системот.“

20181205_121249 (1)

За ректорот на Универзитетот „Св „Кирил и Методиј“ – Скопје, професор д-р Никола Јанкулоски, доделувањето на признанието Инженерски прстен е традиционална и успешна манифестација.

Професор д-р Сашо Коруновски, ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ја поддржува, застапува и со сето срце, ја поздравува идеајта издвојувајќи ги најдобрите од најдобрите.

Промовирана Монографија

Испрати коментар

Scroll To Top