Насловна / Вести / Промоција на првиот извештај во сенка за Поглавје 27 – животна средина и климатски промени

Промоција на првиот извештај во сенка за Поглавје 27 – животна средина и климатски промени

На 30.11.2021 со почеток во 11 часот, се одржа промоцијата на првиот извештај во сенка за Поглавје 27 – животна средина и климатски промени, изработен во рамките на граѓанската платформа на граѓански организации – Платформа 27. На настанот воведно обраќање имаа потпретседателот на владата Никола Димитров и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, а потоа беше презентирано секое од под-поглавјата на овој Извештај во сенка.

п271

п273

Извештајот дава препораки кои според граѓанските организации се важни за подобрување на состојбата со животната средина во Македонија и претставува алатка за координирање на комуникација на граѓанските организации активни во областа ан заштитата на животната средина со надлежните органи. Согласно направените анализи усогласувањето на законодавството е на средно ниво (освен клима), што дава доволна основа за спроведување на законодавството. Добро е разгрането и речиси сите области се покриени. Спроведувањето на законодавството е на почетно ниво, со исклучок на хоризонталното под-поглавје. Административните капацитети се недоволни, особено на локално ниво, како за спроведување, така и за инспекциски надзор. Финансирањето на животната средина е минимално (природа нема буџетско финансирање) што значително влијае на спроведувањето. Интегрирањето на политиките на животната средина во останатите политики на државата е на почетно ниво, при што Министерството за животна средина и просторно планирање не може да го направи интегрирањето без поддршка од другите сектори и препознавање како приоритет на Владата.

П272

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top